ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АРДФ МАРАТОН на терените на Катлановска бања

На  трети и четврти октомври 2015 година на терените во околината на Катланово-Катлановска Банја ќе се одржи 12-ти ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН АРДФ  МАРАТОН /Скопје-Македонија/ во организација на РАДИО-ОРИЕНТАЦИОНИОТ КЛУБ ..МЛАДОСТ.. Како соорганизатори се НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и НАРОДНА ТЕХНИКА  НА ГРАД СКОПЈЕ. 

На Интернационалниот маратон ќе се одржат натпреварите на 144 MHz /3 или  5 предаватели/ и  3.5  3.5 MHz /5 предаватели/.

 

 

Стартот е на едно место за сите категории:

Оние што учествуваат на МАРАТОНОТ  стартуваат со приемник /Rx/ за 144 144 MHz и по пронаоѓањето на предавателите одат на целта за 144 144 MHz каде го превземат приемникот за 3.5 144 MHz и продолжуваат, а времето се мери на целта за 3.5 144 MHz.

Категориите W-14/16 пионерки  М-14/16  пионери можат да одат само на 3.5 144 MHz или по сопствен избор, а времето се мери на целта за 3.5 144 MHz.

ПРОГРАМА /НЕДЕЛА/   

до 08.30 часот пристигнување  на екипите на зборно место  Катланово- паркинг  кај стариот мост на река Пчиња.

08.45 – заминување кон местото за старт

09.00 – подигање на стартни броеви

10.00 – СТАРТ на МАРАТОНОТ 

10.00 – 13.30 време за натпревар

14.30 – 16.30 заеднички ручек / македонско гравче/, поделба на признанија и дружење

по 16.30 часот заминување на екипите.

ПРИЈАВУВАЊЕ:    Е-маил :   Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

                                   Моб.тел :  + 389 77 52 46 98  Ѓорѓе Лазаревски

                          FACEBOOK:    Ardf Team Mladost – Macedonia

РОК  ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА  ПРИЈАВИ:  02. 10 . 2015 /петок/ до 24.00 часот

КОТИЗАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО :  120,оо денари / 2 евра/