Изложба на „Современа словенечка фотографија“

Од деветти ноември 2015 година во НГМ – Чифте Амам е отворeнa изложбата на фотографии, насловена како „Современа словенечка фотографија“.

Организатор е Фото сојузот на Македонија, кој по поставката „Бисери на српската фотографија 1945-2000“, „Современа бугарска фотографија 2000-2015“ ја претставува оваа изложба пред македонската јавност.

 

Пред македонската публика се претставуваат 38 современи словенечки автори со 62 фотографии, во избор на уметничкиот совет на Фото сојузот на Словенија.