Пријавување за учество на Денови на Македонска Фотографија

Фото сојузот на Македонија ги повикува сите заинтересирани членови да се пријават за учество на 53 Денови на Македонска Фотографија, кои ќе се одржат во  манастирот Јоаким Осоговски во период од втори октомври до четврти октомври 2015 година.

Од Фото сојузот ги замолуваат своите членови информацијата за пријавување на годинешниве Денови на Македонска фотографија да ја постават на своите профили на социјалните мрежи (Фејсбук...) за да можат  и други заинтересирани лица вљубеници во фотографијата, да ја видат и да ги испратат своите фотографии и од  други фотографи.

Цена на спиење во манастирски конаци е околу 600 ден по вечер, односно околу 800 ден во хотелски смештај.  Точната цена се уште се договара и ќе зависи од бројот на пријавени учесници.

Сите заинтересирани, кои би сакале да поминат три дена во опуштено фотографско дружење, снимање, изложби, сериозни фотографски разговори, да се пријават кај :

Дарко Петровски:     Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Боро Рудиќ:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.