Голем успех на Македонската фотографија

Почитувани,

УНЕСКО оваа година ја прогласи за година на светлото. Фотографијата е уметност на светлото. Македонската фотографија која  на овие простори постои скоро 170 години, и покажува дека талентот, работата и упорноста секогаш даваат резултати, а добрите фотографии остануваат како дел од визуелното паметење на овој народ.

 

Фото сојузот на Македонија 69 години  е асоцијација која непрекинато до денес  ги организира фотографите и клубовите во свјата творечка работа.

Извршниот одбор има задоволство да констатира дека клубовите и авторите од Македонија  со своите дела добиваат афирмација несамо во нашата земја туку и  во странство.

 

Најновата вест од Индонезија е - на 28th FIAP PROJECTED IMAGES BIENNIAL, Македонската колекција освои  9то  место и Диплома, за прв пат во своето постоење, што е показател за нивото на  Македонската фотографија и за  успешноста  на Фото Сојузот како нивна асоцијација.

Ова место и Диплома треба да ни даде потик и енергија да продолжиме со работата  и со ангажманот во клубовите и Сојузот , за да го задржиме овој тренд и високо реноме.

Уметничкиот совет  и Извршниот одбор на Фото Сојузот на Македонија им благодари и им честита на Авторите  на фотографиите  од оваа колекција и се надева дека и во наредниот период вака ке  се продолжи.

 

Претседател на ФСМ

 

Боро Рудиќ