Уште еден успех на Македонската фотографија

   Почитувани, уште еден успех на Македонската фотографија.

И втората колекција, /Младинската, автори до 21 година/ на Фото Сојузот на Македонија го освои деветото место на 37th  FIAP  YOUTH  DIGITAL BIENNIAL одржано во Србија, и само за 3 бода не ја освои Дипломата на ФИАП.

 

 

Ова е доказ дека подмладокот на Сојузот  ветува  со својот  талент и работа, и дека ќе очекуваме од нив во иднина да  созреаат и творат  дела достојни  да ја преставуват Македонската фотографија и  култура насекаде  во светот.

 

Уметничкиот совет и извршниот одбор на Фото Сојузот, им честита на младите автори како и на клубовите од кои потекнуваат. 

 

Посебна благодарност до клубовите бидејки  само со организирана  и стручна едукација во нивна  рамка , ќе имаме вистински членови кои достојно ќе ја продолжат  170 годишната традиција  на фотографијата на ова тло.

Срдачен поздрав,

Председател на ФСМ

Боро Рудиќ