Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/atcmorgm/public_html/templates/narodnatehnika/functions.php on line 1227

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/atcmorgm/public_html/templates/narodnatehnika/functions.php on line 1227

Државен натпревар на трактористи во Пехчево

Државниот  натпревар на трактористи од Република Македонија се одржа на 1 октомври 2016 година во Пехчево.

Организатори на државниот натпревар на трактористите се:

- Народна техника на Македонија

- Сојуз за техничка култура во стопанството на Р. Македонија

СООРГАНИЗАТОРИ:

- Агенција за поттикнување и развој на земјоделството на Р.Македонија.

 

Домаќин на натпреварот: ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

Општината Пехчево е една од помалите во Република Македонија со површина од само 208 км2. Се наоѓа во крајниот источен дел на државата, покрај самата граница со Бугарија. Всушност најисточната точка на општината кај врвот Ченгино Кале (1745 м) е најисточна точка и на Република Македонија. Инаку, општината Пехчево е сместена на возвишението (превалот) помеѓу Беровската и Делчевска Котлина, на надморска височина од околу 700 до 1.932 метри. На запад е заградена со ниската планина Бејаз Тепе (1.348 м), а на исток со Влаина (Кадиица, 1.932 м) која е втора по височина во источниот дел на Македонија (веднаш зад Осоговски Планини, 2.252 м). На југоисток пак е заградена со највисокиот дел на Малешевски Планини (Џами Тепе, 1.803 м).Административно, општината Пехчево граничи со општината Берово на југ и општината Делчево на север, а на исток со општината Симитли во Бугарија. Се состои од вкупно 7 населени места, Пехчево и 6 селски населби (Панчарево, Црник, Негрево, Умлена, Чифлик и Робово) во кои живеат нешто над 5.000 жители (од кои 3.200 жители во градот Пехчево). Комуникациски е добро поврзано со регионални патишта кон Делчево, Берово и Виница (Кочани), а оддалеченоста од Скопје изнесува 170 км или 2,5 часа. Исто така, асфалтни патишта има до секое село во општината, потоа до туристичкиот локалитет Равна Река и други локалности. Вкупната патна мрежа во општината Пехчево изнесува над 150 км.

Програма 

1.10.2016 год (сабота)

до 9.00 часот Пристигнување на екипите

10.00 часот Свечено отварање

10.30 часот Почеток на натпреварот

-орање

15.00 часот Завршување на натпреварот

16.00 часот Објавување на резултатите на натпреварувачите и доделувањe на награди