Пријави за Макинова и Еконова 2015

Почитувани,

На следниве линкови можете да ги превземете пријавите за Макинова 2015 и Еконова 2015,

[пријава за Макинова]

[пријава за Еконова]

Во тек пријавување за МАКИНОВА 2015 и ЕКОНОВА 2015

Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија  - СПАТУМ информира дека се одржува  по 36-пат МАКИНОВА 2015  на која ќе се  организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи,  технички  унапредувања,   индустриски  дизајн,  трговски  марки,   младинско истражувачко  креативно творештво. Оваа манифестација,  која се одржува во континуитет од 1980 година,  годинава ќе биде  придружена со 13 -та изложба на иновации , пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина  ЕКОНОВА 2015. Манифестациите  се одржуваат  на Скопскиот  саем,  во рамките  ТЕХНОМА ,  во периодот  13-17 Октомври 2015 година. 

СПАТУМ   го  упатува  ПОВИКОТ  до   производните   компании,  научно  истражувачките организации,  факултети,  училиштата,  самостојните  иноватори,  клубовите  на  младите техничари и природници  да учествуваат на најголемата  манифестација во Македонија поврзана со  инвентивното, креативното творештво  МАКИНОВА  2015 и ЕКОНОВА 2015.

 

Повеќе...