ПОВИК ЗА УЧЕСТВО МАКИНОВА 2013 EKOНОВА 2013

                                                                  
   Сојуз на пронаоѓачи и автори на технички                                                 Сојуз на Здруженија за техничка култура на
          унапредувања на Македонија                                                                       Македонија - Народна техника 

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

МАКИНОВА  2013

EKOНОВА  2013

Скопски саем, 15-19.10.2013 год.

 

Почитувани, 

Имаме задоволство да Ве известиме дека во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ, по 34. пат во континуитет од 1980 година се организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво МАКИНОВА 2013, придружено со 11. изложба на иновации, пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина - ЕКОНОВА 2013. Манифестациите се одржуваат на Скопскиот саем, во рамките на ТЕХНОМА, во периодот 15-19. Октомври 2013 год. 

СПАТУМ го упатува Повикот до производните компании, научно истражувачките организации, факултетите, училиштата, самостојните иноватори, клубовите на младите техничари и природници и сите заинтересирани правни и физички лица да учествуваат на најголемите манифестации во Македонија поврзани со иновативното, инвентивното и креативното творештво МАКИНОВА 2013 и ЕКОНОВА 2013. 

Со своето присуство бидете активен субјект во манифестациите, но и искористете ја единствената можност да ја промовирате и афирмирате вашата идеја, иновација, пронајдок, нов производ, техничко унапредување, дизајн или трговска марка до пошироката стопанска заедница и јавноста во Република Македонија.

Пријавите за учество се прикачени на www.atcm.org.mk.

Вашите пријави ги очекуваме најдоцна до 5. септември на адреса :

1000 Скопје Градски Ѕид блок 5 Република Македонија П.ФАХ 14 или во електронска форма на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

 

Тел. ++ 398 02 32 38 357;  077 554 801

[Пријава ЕКОНОВА 2013]

[Пријава МАКИНОВА 2013]