Во тек пријавување за МАКИНОВА 2015 и ЕКОНОВА 2015

Сојузот на Пронаоѓачите и Автори на технички унапредувања на Македонија  - СПАТУМ информира дека се одржува  по 36-пат МАКИНОВА 2015  на која ќе се  организира изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи,  технички  унапредувања,   индустриски  дизајн,  трговски  марки,   младинско истражувачко  креативно творештво. Оваа манифестација,  која се одржува во континуитет од 1980 година,  годинава ќе биде  придружена со 13 -та изложба на иновации , пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина  ЕКОНОВА 2015. Манифестациите  се одржуваат  на Скопскиот  саем,  во рамките  ТЕХНОМА ,  во периодот  13-17 Октомври 2015 година. 

СПАТУМ   го  упатува  ПОВИКОТ  до   производните   компании,  научно  истражувачките организации,  факултети,  училиштата,  самостојните  иноватори,  клубовите  на  младите техничари и природници  да учествуваат на најголемата  манифестација во Македонија поврзана со  инвентивното, креативното творештво  МАКИНОВА  2015 и ЕКОНОВА 2015.

 

Со своето присуство бидете дел од традицијата, бидете дел од инвентивното   движење во Македонија, и  искористете ја единствената можност да ја промовирате и афирмирате вашата  идеја,  иновација,  пронајдок,  нов  производ, техничко  унапредување,   дизајн, трговска марка до пошироката стопанска заедница  и јавноста во Република Македонија.

Пријавите за учество се прикачени  на www.atcm.org.mk 

Пријави за Макинова и Еконова 2015

Вашите пријави ги очекуваме најдоцна  до 30 септември 2015 година  на адреса :1000 Скопје Градски Ѕид блок 5 Република Македонија  П.ФАХ 14

Тел. ++ 398 02 32 38 357    077554801   http://www.atcm.org.mk 

mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.     Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.