Ново: Известување за оддржување на курсеви

Почитувани,

Ве известуваме дека е во тек уписот за нови курсеви за ученици од основни и средни училишта. Курсевите ќе се извршуваат за следниве области:

- Фото школа

- Кино школа

- Електроника

- Математика и

- Информатика

 Пријавувањата на заинтересираните кандидати трае од 13 февруари до 20 март 2013 година на телефон (02) 323 83 57. Курсевите ќе се вршат во просториите на Народна Техника на РМ, на адреса Градски ѕид бр.5, 1000 Скопје.

Сите курсеви ќе се оддржат во траење од 24 наставни часа, по завршувањето на курсевите кандидатите се стекнуваат со уверение за завршен курс од соодветната област.

Меѓуучилишен натпревар на млади техничари - ЗИМА 2012

Во организација на Народна Техника на Македонија, Народна Техника на град Скопје, Сојузот на клубовите на младите техничари и природници на Македонија и ОУ „Тихомир Милошевски“ на 27.12.2012 година во општина Ѓорче Петров, Скопје се оддржа Меѓуучилишен натпревар на млади техничари - ЗИМА 2012.

[резултати од натпреварувањето]

Повеќе...