Известување

Натпреварите (смотри) од Програмата за техничка култура за 2014 година на Министерството за образование и наука во организација на Сојуз на клубовите на младите техничари и природници на Македонија и Народна Техника за учениците од основните училишта од Република Македонија ќе се оддржат на:

 

03.05.2014 година - Регионални натпревари

10.05.2014 година - Државен натпревар во Пехчево

ПРАВИЛНИК за организирање на натпреварите на младите техничари и природници на Македонија

ПРАВИЛНИКОТ за организирање на натпреварите на младите техничари и природници на Македонија можете да го превземете тука

 

Резултати од 50-от Јубилеен Државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија

На 20.04.2013 во Пробиштип во ОУ „Никола Карев“ се оддржа 50-от Јубилеен Државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија. На напреварот беа постигнати следниве резултати:

[Билтен од 50-от Јубилеен Државен натпревар на младите техничари и природници од Република Македонија] 

Повеќе...

Известување за оддржување на курсеви од I степен

Почитувани,

Ве известуваме дека е во тек уписот за нови курсеви (обуки) од I степен за ученици од основни и средни училишта. Обуките ќе се извршуваат за следниве области:

- Градежништво и архитектура

- Бродомоделарство

- Воздухомоделарство

- Ракетно моделарство

- Сообраќајно моделарство и

- Радио школа

Пријавувањата на заинтересираните кандидати трае од 04 до 20 февруари 2013 година на телефон (02) 323 83 57. Обуките ќе се вршат во просториите на Народна Техника на РМ, на адреса Градски ѕид бр.5, 1000 Скопје.

Сите обуките ќе се оддржат во траење од 24 наставни часа, по завршувањето на обуките кандидатите се стекнуваат со уверение за завршена обука од I степен во соодветната област.

Покана за 50-от Јубилеен Државен натпревар на младите техничари и природници

На оддржжаните регионални натпревари на КМТП учество земаа

180 ученици од Куманово

110 ученици од Пробиштип

125 ученици од Берово

Повеќе...