Младите конструктори на Саем на деца и родители

Од 20 до 22 ноември во трговскиот центар Скопје Сити Мол се оддржа Саем за деца и родители.

НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА И СОЈУЗОТ НА КЛУБОВИ НА ТЕХНИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА учествуваа на овој саем како организатори на делот во кој ќе се однесуваше на млади конструктори. Посетителите на саемот имаа можност да ги користат советите на инструкторите и обучени деца од курсевите и обуките по применети природни и технички науки што се организираат во сите 14 регионални центри на народна техника низ Македонија.