Ден на Наука 2014

По повод денот на Наука, 10 Ноември, во организација на СЗТКМ Народна Техника на Македонија и сојузот на млади истражувачи, во народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија - Ѓорѓе Иванов, се одржа изложба и презентација на наградените ученици од основните и средни училишта во Република Македонија. Учениците беа наградени на натпреварите што ги организира Народна Техника на Македонија, односно Сојузот на клубови на млади техничари и природници за основните училишта и Сојузот на млади истражувачи - Наука на млади, за средните училишта.