Изложба на млади истражувачи

По повод Денот на наука 10.11.2015 година во Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија,Горѓе Иванов, на улица Димитрије Чуповски број 7, (во периодот од 8 до 14 часот) ќе биде отворена 4 Изложба на наградени проекти на младите истражувачи од Македонија.

Изложбата се отвора во организација на Сојуз на здруженија на млади истражувачи на Македонија - НАУКА НА МЛАДИТЕ и Сојуз на здруженија на техничка култура на Македонија - НАРОДНА ТЕХНИКА.