САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ – НОВИ САД 2014

Народна техника на Република Македонија организира посета на 

САЕМОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ – НОВИ САД 2014

Меѓународен саем за земјоделие,техника- машини и опрема,нови технологии за храна, одгледување на животни, машини и инсталации за сточарство, видови на семиња и семенски материјал, ветеринарна медицина, агрохемикалии, пумпи, услуги и информации и др.  

 

 

19.05.2014 (понеделник)

Поаѓање од Скопје од пред бензиската на Лукоил во Автокоманда во 23.00 часот, од Куманово – Бен.пумпа 23.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановци со куси попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Нови сад наутро на 20.05.2014 год (вторник) и се организира посета на саемот. Попладне сместување во градот Нови Сад во двокреветни и трокреветни соби и ноќевање.

Појадок. Организирана посета на саемот или слободно време за разглед на градот Нови сад до 14.00 часот кога се поаѓа за Македонија. Ноќно возење со куси попатни паузи за одмор со предвидена посета на Лесковац и царински формалности.

21.05.2014 (среда)

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ЦЕНА:4.500 денари

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз на наведената релација со високо туристички автобус/минибус со тв, двд и клима.

- Сместување во градот Нови Сад на база на ноќевање во двокреветни и трокреветни соби, оддалечено 1km од саемот.

-  доручек и вечера

- Организација и водство на патот.

- Влезница на саем за првиот ден

      

Пријавување на заинтересираните лица се врши на телефоните: 023238357, 070269944, 070239211 и во сите канцеларии на Народна техника во Македонија најкасно до 14.05.2014 година(среда) до 16 часот 

 

Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патника

- За овој аранжман важат општите услови пропишани од туристичката агенцијата.