Народна техника - Скопје

          Домот за техничка култура НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје се наоѓа на територијата на Општина Карпош. и располага со 393 метри квадратни корисен простор.

           Во Домот за техничка култура активно работат следните клубови и друштва:

•  Клубот за техничко воспитување на деца и младинци со своите секции:

- електроника

- бродо моделарство

- конструкторство

- компјутерска техника

- градежништво и архитектура

- сообраќајно моделарство

- ракетно моделарство

- воздухопловно моделарство. 

          Во клубот членуваат деца од најразлична возрасти и од нив денеска се произлезени и голем број на еминентни стручњаци во техничките области.                

•  Фото клуб “Вардар” со своите секции:

- фотографска секција

- применета фотографија

- дигитална техника

          Фото кино клубот располага со современа фото лабараторија која има три работни простории, и е една од најсовремените во Македонија .        

•  Спортски радио ориентационен клуб “ Младост “:

•  Друштво на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања:

          Во Домот исто така покрај гореспоменатите клубови, работат и Здружението на наставници по ТО на град Скопје “Конструктор”.

Домот за техничка култура, односно клубовите се опремени со современа опрема.

          Работни простории во Домот:

•  фото и кино лабораторија,

•  моделарска работилница,

•  работилница на Друштвото на пронаоѓачите,

•  универзална сала,

•  работилница за електроника,

•  училница за информатика,

•  столарска работилница,

•  канцелариски простор.

          Во Домот за техничка култура работат вкупно 5 вработени, од кои двајца се со соодветно стручно звање – Инструктор по одредени области,ди-

пломи издадени од соодветна верификувана организација.

          Покрај постојано вработените, голем придонес во реализирањето на програмските активности и постигнувањата на врвни резултати, е и ангажирањето на стручни кадри  - волонтери кои се врвни стручњаци во своите области.