Филмска вечер на камениот плоштад "Александрија" во Прилеп

Филмска вечер со 13 аматерски филмови на плоштадот во Прилеп  На камениот плоштад "Александрија" во Прилеп, се реализира филмска  вечер на која се прикажани 13 филмови од Државниот фестивал на  непрофесионален филм кој оваа година за прв пат беше одржан во Прилеп.  Посетителите  имаа можност да проследат едноминутни документарни и  анимирани филмови меѓу кои и победниците на Фестивалот. Своја  проекција ќе имаат "Изолација" и "Неостварени желби" по сценарио и  режија на Кирил Каракаш, "Книжарница" во режија на Анастасија  Бошкоска, како и играниот филм "Крвави пари" по сценарио и режија на  Ерман Мемети, добитник на Гран при.

Филмската вечер се одржува во рамки на прилепското културно лето, а ја  реализира Центарот за култура "Марко Цепенков" во соработка со Фото  кино клубот од Прилеп.