РЕЗУЛТАТИ ОД СВЕТСКИОТ КУП 2013 ВО ВИЗЕ,ТУРЦИЈА

Во градот Визе,Турција се одржа 10 Светски куп по воздухопловно моделарство каде што Македонската екипа во организација на Народна техника и Аеро клуб Прилеп учествуваше со своја екипа и ги постигна следниве резултати;

Во категорија Ф1-А во јуниорска конкуренција членот на Македонската екипа Бојан Димески го освои ПРВОТО МЕСТО.

Во сениорска конкуренција во истата категорија ТРЕТОТО МЕСТО го освои Бојан Димески

Оваа е многу значаен успех за Македонското воздухопловство затоа што е совладан и актуелниот сениорски шампион Николај Николов од Бугарија.На овој 10 Светски куп во Визе,Турција учествуваа 6 држави и тоа; 

Македонија, Турција, Бугарија, Русија, Египет и Израел

со околу 40 натпреварувачи.

Со почит

Народна техника и Аеро клуб Прилеп