12.светски куп во ракетно моделарство - Штип 2013

На овој светски куп зедоа учество 50 натпреварувачи од Србија Бугарија Русија Словенија, Косово и Македонија

Владимир Џиџалески од РВК Циолковски-Прилеп го освои првото место во категоријата С-6-А ракета со стример

Значајно е да се напомени дека ова е огромен успех на Џиџалески бидејки на овој светски куп учествуваа и минатогодишниот победник на светските купови Зоран Атанасоски од Македонија

Официјалниот европски првак Зоран Катаниќ од србија и светскиот првак  Живадин Јосиповиќ од Србија и останатите квалитетни натпреварувачи од Бугарија и Словенија

Нареден предизвик за членовите на РВК Циолковски е Светскиот куп во Дупница од 28-30 јуни, соседна Р. Бугарија