Дете талент – пронајдувач

Давид Лазароски од Прилеп учесник на натпреварите под покровителство и организација  на Народна Технка на Македонија и Народна Техника од Прилеп на олимпијадите  на младите техничари и природници на регионално и државно  ниво претходниве години освојува први места во дисциплината  автоматика. Поради овие успеси избран е за дете талент – пронајдувач. Продукцијата котиледон  сними емисија ,,Дете Талент” која беше емитувата на ,,ТВ Телма” , И сите регионални ТВ канали во Македонија.

Kлубска изложба на фотографи Јордан Зазоски - Зазо

Фото кино клубот Прилеп во соработака со Народна Техника Прилеп и домот за култура Марко Цепенков од Прилеп. Ја одржа првата клубска изложба на фотографи со наслов Јордан Зазоски - Зазо 

Свеченото отворање беше на 04. Октомври со почеток во 19.30 часот. На изложбата се претставија 19 автори  со 60 Фотографии. На наградените им беа доделени признанија, а семејството Зазоски доби посебна блогодарница.

 

Светски куп за воздухопловно моделарство - Прилеп 2013

На 28 и 29 Октомври 2013 гидина, во организација на Народна Техника и Аеро клубот во Прилеп ќе се оддржи светскиот куп за воздухопловно моделарство на кој што ќе земат учество околу 60 натпреварувачи од 12 држави

Филмска вечер на камениот плоштад "Александрија" во Прилеп

Филмска вечер со 13 аматерски филмови на плоштадот во Прилеп  На камениот плоштад "Александрија" во Прилеп, се реализира филмска  вечер на која се прикажани 13 филмови од Државниот фестивал на  непрофесионален филм кој оваа година за прв пат беше одржан во Прилеп.  Посетителите  имаа можност да проследат едноминутни документарни и  анимирани филмови меѓу кои и победниците на Фестивалот. Своја  проекција ќе имаат "Изолација" и "Неостварени желби" по сценарио и  режија на Кирил Каракаш, "Книжарница" во режија на Анастасија  Бошкоска, како и играниот филм "Крвави пари" по сценарио и режија на  Ерман Мемети, добитник на Гран при.

Филмската вечер се одржува во рамки на прилепското културно лето, а ја  реализира Центарот за култура "Марко Цепенков" во соработка со Фото  кино клубот од Прилеп.