НАУКА НА МЛАДИТЕ

      На 09 ноември 2012 година во просториите на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија се оддржа изложбата на проекти од млади истражувачи - НАУКА НА МЛАДИТЕ, што се организира по повод Светскиот ден на науката. 

       На изложбата беа претставени проекти на средношколци кои се наградени на Државниот натпревар на млади истражувачи- НАУКА НА МЛАДИТЕ, што го организира Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија – Народна техника, како и најдобрите проекти на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.