Повик за учество на на 49-от Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија

Државниот натпревар на млади истражувачи од Република Македонија е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во Република Македонија имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од областа на природните науки: астрономијата, биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база, производството на храна и комуникациите.

 Државниот натпревар на младите истржувачи на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите се организира претставува манифестација во системот активности на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите. Оваа манифестација се одржува во втората половина на месец април. 

Организатори на оваа манифестација се Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи - Наука на младите. Домаќин на натпреварот ќе биде СОУ „Јане Сандански“ - Штип.

На Државниот натпревар можат да учествуваат натпреварувачи кои се пријавени преку  своите училиштата. Пријавувањето на трудовите за натпреварување ќе се одвива во три фази и тоа:

Прва фаза:

Натпреварувачот ја пријавува темата преку електронскиот систем за пријавување на веб страницата на СЗТКМ http://www.atcm.org.mk (линкот за пријавување дополнително ќе биде објавен од 1 февруари до 1 март 2013 година).

Втора фаза:

Организаторот го известува натпреварувачот на неговата електронската пошта дали темата е прифатена да учествува на натпреварот. 

Трета фаза:

Темата во три печатени примероици се доставуваат на денот на натпреварот до оценувачките комисии.

Подетални информации за пропозициите на натпреварот можете да најдете во правилникот за учество на 49-от Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија

[превземи правилник]