Народна техника - Кичево

 Во Народна техника – Кичево покрај матичната организација која е носител и координатор на сите активности во регионот на делување , односно општините : Кичево, Другово, Зајас, Осломеј, Вранештица, Пласница и Македонски Брод , работат и неколку други организации и клубови:

 -          Здружение за заштита и развој на руралните простори ИЗВОР

-          Здружение за унапредување и заштита на традиционалното производство на ајвар АЈВАРИЈАДА ,

-          Фото и кино клуб АРТ,

-          Радио клуб Никола Тесла ,

-          Сојуз на клубовите на млади техничари и природници,

-          Планинарско и спелеолошко друштво Бистра,

-          Филателистички клуб ,

Кадровска екипираност :

            Во СЗТК Народна техника Кичево професионално е вработено едно лице како секретар со високо образование. Книговодствените активности и хигиената на објектот ја одржуваат лица ангажирани по договор за дело, а работата на клубовите и останатите здруженија е координирана од страна на лица волонтери.