Државен натпревар на непрофесионален филм Прилеп – 2013

Резултати и фотографии од одржаниот Државниот натпревар на непрофесионален филм Прилеп – 2013 во организација на Народна Техника на Македонија и Кино сојуз на Македонија.

51вите ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2013

Фото Сојузот на Република Македонија со задоволство ве кани на отворањето на

51вите ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2013

16.07.2013 Мултимедијален центар Мала Станица

 

20-21 часот – Никон презентација и можност да се испробаат најновите професионални апарати, објективи и додатоци

21 часот – отворање на Денови на Македонската Фотографија

17ти Јули, 2013 година, 21.00 часот, галерија Остен

 

„БИСЕРИ НА СРПСКАТА ФОТОГРАФИЈА“

Пропозиции за „42. Државен фестивал на непрофесионален филм - Прилеп 2013”

Пропозиции за „42. Државен фестивал на непрофесионален филм - Прилеп 2013” што ќе се одржи на 31 мај 2013 во Градската библиотека „Борка Талески” во Прилеп

[Превземи ги пропозициите]

Изложба во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк на 03.07.2013 во 18 часот ќе се отворат изложбите „Стара македонска фотогрсафија” и „Natura Morta”. Автори на двете иэложби се Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. На изложбата „Natura Morta” ќе бидат изложени 20 големоформатни авторски фотографии изработени на платно, а изложбата „Стара македонска фотографија” содржи 50 стари фотографии од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. Ова претставува прво изложување на стари македонски фотографии во САД. На изложбата застапени се фотографии од следните автори, основоположници на македонската фотографија: Мирослав Бељан, Христо Димкароски, Евстатие Јолески, Јанаки Манаки, Милтон Манаки, Зафир Ошавков, Јонче Поп Стефанија, Пане Напески, Благоја Жежоски и Милан Жежоски. 

 

Изложбите за посетители ќе бидат отворени од 04.07. до 11.07. 2013 година.

Повеќе...

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ ВО РУСЕ БУГАРИЈА

 

На 20-22 јуни во Русе, Бугарија ќе се одржи 4-ти Меѓународен филмски фестивал под наслов

 

,,Дунав реката на Европа,,. 

 

Македонската екипа од филмски автори во организација на Народна техника на Македонија и Кино сојуз на Македонија ќе учествува на овој Меѓународен филмски фестивал во следниов состав;

 

- како член на меѓународното фестивалско жири ќе учествува филмскиот автор г-дин Петре Чаповски.

Г-динот Петре Чаповски воедно одбра и 5 филмови од Македонски филмски автори кои ќе учествуваат и ќе се прикажат на овој меѓународен фестивал 

а тоа се:

 

- Неостварени желби  - автор Кирил Каракаш

- Крвави Пари   - автор Ерман Мемеди

- Начин на восприемање   - автор Марина Трајковска

- Рефлексија   - автор Светислав Подлешанов

- Порано можевме да ја слушневме музиката  - автор Мице Чаповски

 

Со среќа на филмските автори-учесници од Македонија на овој меѓународен фестивал им поскаува

 

НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и КИНО СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА