43. Државен фестивал на непрофесионален филм „СТРУМИЦА 2014”

Од 28 – 29 март 2014 во Струмица се оддржа 43. Државен фестивал на непрофесионален филм „СТРУМИЦА 2014”

 

Пропозиции за 43ти Државен фестивал на непрофесионален филм - Струмица 2014

Пропозициите за 43-от Државен фестивал на непрофесионален филм - Струмица 2014 можете да ги симнете тука.

Проекција на краткометражен филм во Кинотека на Македонија

Почитувани,

На 04.12.2013 (среда) со почеток во 20 часот во Кинотеката на Македонија премиерно  ќе биде прикажан краткометражниот филм "Убаво време за умирање" во режија на Сенад Абдули.

Главната улога на Мети ја толкува Сенад Абдули, а во филмот играат и Наиме Ази, Леарт Абдули, Деа Сабриу, Адриан Кадриу, Неџла Абдули, Вулнет Кучи, Рабије Алили, Елмедина Амети и Јусуф Бафтјари.

Сценариото за филмот го напиша Зимбер Келменди, директор на фотографија е Роберт Јанкулоски, а монтажата е на Лазар Секуловски.

Филмот од поинаков аспект се занимава со негативниот феномен на самоубиството во современите општества. Ова е приказна за Мети, маж на околу 50 години кој одлучува да се самоубие поради монотонијата на својот живот и неможноста да се грижи за своето семејство. Тој ја сака точноста и е многу врзан за датите и часовите. Заминува од својот дом во намерата да изнајде причини да се оттргне од животот...