ЗАПОЧНА СО РАБОТА ФИЛМСКАТА РАБОТИЛНИЦА ,,ФИЛМОТ И ЈАС,,

         

         Во рамките на своите активности,а според прифатената програма за работа,деновиве во Кино клубот ,,Студио Милтон Манаки,, од Битола кој работи во составот на Народна техника започна со работа филмската работилница ,,Филмот и јас,,.Самата активност е насочена кон едукација на младите граѓани од нашиот град и пошироко да се едуцираат во доменот на филмот и филкмската уметност од тоа како да направат филм и како да го презентираат пред јавноста.

Филмската работилница која започна со работа е работа со талентираните млади автори кои знаат да прават филм, а преку формите и содржините предвидени според програмата ќе се доедуцираат за поуспепшно правење на филм, а во која намера и задача секако ќе им помогнат и едукаторите на самата работилница-познати режисери, монтажери, сниматели, како од градот така и пошироко се со цел талентираните млади да направат успешни дела, а нивното учество на фестивалите биде овековечено со некое признание.

       Годинава, на огласот кој беше распишан во месец ноември се пријавија 35 посетители од основните и средните училишта од градот како и студенти од факултетите во Битола. Филмската работилница својата активност ќе ја обавува и во соседните општини: Новаци, Могила и Демир Хисар, а постои и интерес истата да биде присутна во Ресен. Работилницата ќе ја оправда својата намена и цел, а пред се основната задача e секој посетител направи барем едно свое филмско дело, а по зададени задачи и повеќе како и дела во екипна изработка на филм.

        На крајот од завршувањето на Работилницата секој посетител ќе се здобие со сертификат –диплома за успешно завршената работилница, а поедини и одредени звања во филмскиот аматеризам за нивниот придонес и освоени награди со одличјата во категориите кај филмските аматери.

 

 

Заврши 24-то издание на ФАДФ „Камера 300“

Јубилејната награда -70 години Народна техника на Македонија е  доделена на Филмската школа на КВК „Студио Милтон Манаки“, која работи во составот на Народна техника-Битола. Наградата ја додели Зоран Тодоров, претседател на Народна техника на Македонија. 

 

 

 

Пријавување за Фестивалот на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“

 Почнаa активностите за организирање на 24-то издание на Интернационалниот Фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, што ќе се одржи во Битола на 28 и 29 oктомври 2016 година.

Пријавите за учество се испратени на над 300 автори и кино клубови клубови во земјата и странство.

Фестивалот е во организација на Кино-видео клубот „Студио Милтон Манаки“,

Народна теника-Битола и Кино Сојузот на Македонија и се одржува под големиот јубилеј - 70 години Народна техника на Македонија.

Фестивалот се одржува во Битола на 28 и 29 Октомври и е финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ и Градоначалникот и Советот на Општина Битола.

 

 

Јубилеј - 110 години биоскоп

23-ti Internacionalen festival na amaterskiot (neprofesionalen) dokumentaren film "Kamera 300" Bitola

23-th International festival of amateur documentary film "Camera 300" - Bitola

Кино сојуз на Македонија    Народна техника - Битола  Кино клуб       „Студио Милтон Манаки“ - Битола 

110 GODINI BIOSKOP

Годинава кога Mакедонската кинематографија слави еден голем јубилеј, 110 години од снимањето на првиот филм во историјата на филмот кај нас, филмот ПРЕДАЧКИ снимен 1905 година од страна на браќата Манаки со нивната легендарна филмска камера која Јанаки ја донесе од Лондон (1905г) познатата камера БИОСКОП 300, Кино клубот „Студио Милтон Манаки“ кој работи во составот на Народна техника од Битола, годинава активно се вклучува во одбележувањето на овој голем јубилеј на филмската уметност.

Како што Манакиеви беа аматери во областа на филмот така и Кино клубот кој го носи името на еден од браќата –Милтон, еве веќе повеќе од 50 години активно работи во едуцирање на млади филмски работници од кои некои денес се познати имиња во филмската уметност во Македонија.

Клубот како членка на Кино Сојузот на Македонија е активно вклучен во активностите на истиот преку светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА, која ја има земено под свој патронат организацијата на Интернационалниот фестивал КАМЕРА 300.

Резултатите кои ги постигнува клубот и фестивалот се видливи преку настаните на разни манифестации и презентации во земјава и странство. Претходно воспоставените мостови на соработка со клубови и фестивали од светот, дополнително придонесува за понатамошна афирмација на клубот, фестивалот и сите членови и учесници на истите, како и се поголемиот интерес за учество.

 

Повеќе...