Народна техника - Кавадарци

Народна техника од Кавадарци е формирана во 1946 година

Народна техника од Кавадарци, како заедничка организација на Соју¬зот на здруженијата за техничка култура од општината Кавадарци, ја сочинуваат повеќе клубови, секции и други форми на организирано делување во областа на техничката култура, меѓу кои:

- Радио клубот Искра со секциите за радиотелеграфија, електроника и радиогониометрија

- Аеро клубот Витачево со  воздухопловна и ракетно моделарска     секција

- Фото - кино - видео клубот Црно и бело со фото секција и кино   секција

-  Клубот на млади техничари и природници со бродомоделарска, градежна и сообраќајно моделарска секција

-  Секциите за астрономија, астронаутика, кибернетика и микросметачка техника и др.

 Во рамките на наведените клубови и секции, како и други повремени форми на делување во училиштата и во месните заедници, во нашата организација, во текот  на една  година  се опфаќаат  повеќе од 300 членови или активисти, односно љубители на техничката култура.

Активностите кои се реализираат во Народна техника се манифестираат преку обука и оспособување на кадри најмногу за учениците од 5-то до 8-мо одделение, а тоа се остварува преку курсевите кои се организираат по следните дисциплини:

-Курс по фото техника

-Курс по кино видео техника

-Курс по електроника

-Курс по радио телеграфија

-Курс по аматерска радио гониометрија

-Курс по воздухопловно моделарство

-Курс по бродо моделарство

-Курс по сообраќајно моделарство

-Курс по ракетно моделарство

-Курс по градежно моделарство

 

Програмските задачи и активности кои се реализираат, можат да се групираат во следните видови:

-Активности во домот  за  техничка  култура;

-Организирање на регионални манифестации;

-Учество на  државни натпревари и манифестации;

-Учество на меЃународни манифестации;

-Други активности.

Активности во Домот за техничка култура

Најголем дел од активностите  се реализираа во Домот на техничката култура, во рамките на обезбедените просторни, кадровски и материјално-технички услови во клубовите и секциите. Од задачите и активностите кои се реализираа во Домот, посебно треба да се истакнат: курсевите за обука и оспособување на членовите; активностите за презентација на работата и достигнувањата од областа на техничката култура; активностите во вид на стручната помош на младината и учениците  од непосредната средина; услугите со техничка опрема и др.

Презентација на работата и достигнувањата

Целта на овој вид активност на Народната техника се состои во задоволување на интересот на воспитно-образовните организации (училишта и детски градинки), за запознавање на децата и учениците со дејноста на Народната техника, во функција на остварување на програмската и содржинската обврска за соработка на училиштата конкретизирана со плановите и програмите за воспитно-образовната дејност. Во овој контекст Домот на Народна техника во Кавадарци го посетуваат, односно дел од наставата се одржа во нашите кабинети за повеќе  групи ученици од ОУ од Кавадарци. Сите овие ученици  присуствуваа на разновидни демонстрации и презентации на активности од одделните клубови и секции кои работат во  Народна техника.