Резултати од Светско првенство во ХСТ

Од 17 - 21  октомври во швајцарија   се одржа  10-то Светско првенство во ХСТ

 

Еден од учесниците на ова Светско првенство во ХСТ беше Дарко Трајков член  на радио клубот Искра. Тој настапуваше како член на репрезентацијата на Македонија и во дисциплината РУФЗ освои 3-то место и бронзен медал.

 

Народна техника - Кавадарци

Народна техника од Кавадарци е формирана во 1946 година

Народна техника од Кавадарци, како заедничка организација на Соју¬зот на здруженијата за техничка култура од општината Кавадарци, ја сочинуваат повеќе клубови, секции и други форми на организирано делување во областа на техничката култура, меѓу кои:

- Радио клубот Искра со секциите за радиотелеграфија, електроника и радиогониометрија

- Аеро клубот Витачево со  воздухопловна и ракетно моделарска     секција

- Фото - кино - видео клубот Црно и бело со фото секција и кино   секција

-  Клубот на млади техничари и природници со бродомоделарска, градежна и сообраќајно моделарска секција

-  Секциите за астрономија, астронаутика, кибернетика и микросметачка техника и др.

Повеќе...