Народна техника - Гостивар

Организацијата на Народна техника Гостивар е формирана 1986 година од здружение на граѓани како Општинска конференција на Народна техника Гостивар.Потоа,по најновиот статут во Општински Сојуз на организации за техничка култура – Народна техника Гостивар и од пред 15-ина години е на сегашната адреса на улица ЈНА б.б. (132).Располага со 160 м² површина.

ОСЗТК – Народна техника Гостивар ја сочинуваат друштвата на клубовите и секциите за техничка култура и Домот на Народна техника Гостивар.Своите програмски активности ги отстварува согласно целите и задачите од Статутот на Организацијата.

1. Ширење на техничката култура низ организиран воспитен и образовен процец за стекнување на знаења,умеења и навики особено на младите во општината.

2. Откривање и развивање на талентираноиста на младите за творештвото во науката и техниката.

3. Оспособување на младите за истражувачка работа и развивање на нивните истражувачки способности.

4. Развивање на иноваторството,пронаоѓаштвото,рационализаторството и конструкторството.

5. Професионално насочување на младите. итн.

  Поголем дел од активностите во врска со обуката за оспособувањето на членовите на Народна техника Гостивар се организираат во Домот за техничка култура.Се реализираат со наставен,односно инструкторски кадар и бројни надворешни соработници кои се ангажираат за изведување на курсевите и за време на одржувањето на разновидните натпревари,смотри и други манифестации.

Се изведуваат планирани основни курсеви по моделарско-макетарска техника (ракетно,бродо,воздухопловно,сообраќајно моделарство),фото-кино техника,радиоператорство,како и секциите од областа на применета биологија,физика,географија,хемија,математика.

Покрај секојдневните активности во Домот на техничка култура,Народна техника Гостивар се организираат и општински и регионални натпревари,за презентација на достигањата на младите природници и техничари на ниво на општина и на ниво на регионот.Општинските и регионалните наптпревари се организираат согласно насоките,критериумите и правилата утврдени од страна на републичките органи на Народна техника во соработка со други соодветни институции и организации.

Народна техника на општина Гостивар ги реализира следните општински и регионални натпревари:

1. Пионерски семафор

2. Младите во сообраќајот

3. Натпревар на трактористите

4. Смотра на младите техничари и природници

5. Во мај 2010 година беше организатор на Државната смотра на Наука на млади

Редовно зема учество на државни натпревари:

- Државен натпревар на трактористи

- Државната смотра на млади техничари и природници

- Државната смотра Наука на младите

- Останати изложби,фестивали и други манифестации.