Oд работилницата за филм во ОУ „Св.Климент Охридски“

Фотографии oд работилницата за филм и проекцијата на амaтерски документарни филмови од ФАДФ „КАМЕРА 300“ што се одржа на 01.12.2015 год. во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид.

Претседателот Иванов на изложбата со младите истражувачи

По повод Денот на наука на  10 ноември  2015 година во Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, Горѓе Иванов, беше отворена 4 Изложба на наградени проекти на младите истражувачи од Македонија. На отворањето присуствуваше и претседателот Иванов, кој помина пријатни мигови во разговор и дружење со младите истражувачи. 

 

Изложбата беше организирана од  Сојуз на здруженија на млади истражувачи на Македонија - НАУКА НА МЛАДИТЕ и Сојуз на здруженија на техничка култура на Македонија - НАРОДНА ТЕХНИКА.  

ГАЛЕРИЈА: Mлади конструктори на Саемот за деца и родители

Работилница за младите конструктори на Саемот за деца и родители, одржана  од 20 до 22 ноември во Скопје Сити Мол Сити Мол, во организација на Народна техника на Р. Mакедонија и Сојузот на клубови на младите техничари и природници на Република Македонија.

 

Одржано Светско првенство во брза телеграфија

Дваесет и пет репрезентации на радиоаматери од 9 октомври до 13 октомври учествуваа на 12 Светско првенство во брза телеграфија, што се одржа во Охрид во организација на Радиоаматерски сојуз на Македонија. Националните тимови од 25 држави од целиот свет (меѓу кои и од Казахстан, Оман, Саудиска Арабија, Белорусија...)  се натпреваруваа во четири дисциплини: брзо предавање пораки; прием на пораки (шифрирани  и отворени ); симулација на одржување на радиоаматерски врски и во дисциплината прием-предавање на радиоаматерски знакови. Натпреварите се одвиваа во девет категории на различна возраст и во машка и женска категорија.