Одржано Светско првенство во брза телеграфија

Дваесет и пет репрезентации на радиоаматери од 9 октомври до 13 октомври учествуваа на 12 Светско првенство во брза телеграфија, што се одржа во Охрид во организација на Радиоаматерски сојуз на Македонија. Националните тимови од 25 држави од целиот свет (меѓу кои и од Казахстан, Оман, Саудиска Арабија, Белорусија...)  се натпреваруваа во четири дисциплини: брзо предавање пораки; прием на пораки (шифрирани  и отворени ); симулација на одржување на радиоаматерски врски и во дисциплината прием-предавање на радиоаматерски знакови. Натпреварите се одвиваа во девет категории на различна возраст и во машка и женска категорија.