Едукативна екскурзија и посета на Државен натпревар на Младите истражувачи во Словенија

Имавме успешен завршеток на двата најголеми Државни натпревари, едниот за клубови на младите техничари и природници за ученици од основните училишта, а другиот за младите истражувачи - Наука на млади, за ученици од средни училишта кои ги организираше на Народна техника на Македонија и Струковите сојузи.

За првите три места, на секој од учениците беа доделени медали и дипломи, а за најдобрите од овие Државни натпревари следуваше уште една награда од Народна техника на Македонија, а тоа е Едукативната посета на Словенија, Австрија, Хрватска и Србија.

Учениците имаа можност да присуствуваат на Државен натревар во Мурска Собота во Словенија, и да посетат разни знаменитости и едукативни центри од техничката област во Австрија и Србија.

Како си поминавме може да погледнете на фотографиите кои ги издвоивме подолу, а повеќе фотографии може да најдете на нашата фан страна на Фејсбук.


Доделување признаниjа на членови и активисти во Струковите сојузи

Доделување на златни плакети, признанија и благодарници на активисти и волонтери, кои се членови на комисии од натпреварите, изложбите и другите манифстации, кои што ги организираат Струковите сојузи членки на СЗТКМ - Народна техника на Македонија и тоа СКМТП и Наука на младите истрашувачи. 

Доделувањето на признанијата беше во салата на Природно научен музеј во Скопје.  

Доделување на плакети и признанија во НТ Куманово

Доделување на признанија и плакети на активисти и волонтери од НТ Куманово по повод 70 години јубилеј на Народна техника на Македонија.  

Признанија за вработените во Народна техника

Dodeluvawe na priznanija, plaketi i blagodarnici po povod 70 godini jubilej na SZTKM-Narodna tehnika na Makedonija na vraboteni koi se vo penzija i momentalno vraboteni instruktori. 

 

 

Доделено државно признание за 70-години Народна техника на Македонија

На 16 декември 2016 година во Домот на АРМ во Скопје се одржa свечена академија по повод 70 години на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија – Народна техника. За долгогодишната активност на СЗТКМ во ширењето на техничката култура во нашата земја, откривањето на младите таленти и поттикнување во нивниот понатамошен развој, како и во промоцијата на иноваторството и пронаоѓаштвото кај младите и возраснте лица говорeше претседателот на оваа организација Зоран Тодоров. За постигнатите резултати на Народна техника на Македонија од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, беше доделено посебно државно признание „Повелба на Република Македонија“ .

По доделувањето на признанието претседателот Иванов, кој е покровител на оваа прослава, се обрати пред многубројните гости, активисти, членови на СЗТКМ – Народна техника на Македонија.

- Чест ми е да бидам покровител на оваа манифестација. Техничката култура е нераскинлив дел на вкупната култура на секој поединец и основа за неговиот професионален развој. Таа ја поттикнува креативноста и иновативноста и има огромно значење за достигнување повисоко образование, која ја доближува Република Македонија кон новите текови и достигнувања. Со особена чест ја доделувам оваа повелба која ќе биде поголем поттик за поголема ревност и поголеми достигнувања во натамоштата работа на СЗТКМ - Народна техника на Македонија - рече претседателот Иванов.

 

Учесниците на академијата имаа можност да ја проследат изложбата на наградени проекти на младите и други активисти на државните и меѓународните натпревари и манифестации на СЗТКМ – Народна техника, а беше претставена изложба на фотографии од членовите на фото клубовите.

Како траен белег за досегашното постоење и активност на Народна техника ќе биде издадена монографијата „70 години СЗТКМ – Народна техника на Македонија 1946-2016“. Во оваа книга на стотина страници со текст и фотографии ќе бидат претставени позначајните активности и остварувања на 14 регионални центри и 9-те струкови сојузи кои работат под Народна техника на Македонија.

 

Во рамките на прославата за одбележување на овој значаен јубилеј на една од најстарите организации, која е формирана во 1946 година, веднаш по формирањето на новата македонска држава, ќе бидат доделени и плакети, признанија и благодарници за најистакнатите членови и активисти и фирми и организации кои помогнале за афирмација и ширење на техничката култура во Македонија.