ДЕТЕ ТАЛЕНТ


      АНА ГАШТАРОВА од Битола, учесник на натпреварите на Клубовите на младите техничари и природници во организација на Народна техника-Битола и Народна техника на Македонија на Регионално и Државно ниво, освојува први места во природната група области- Екологија и Применета Биологија. Но Ана е сестрана и има и други таленти.

Продукцијата „КОТИЛЕДОН“ ја сними емисијата „Дете талент“ која беше емитувана на ТВ Телма и сите регионални ТВ канали во Македонија.

 

Погледнете ја на следниот линк:

http://www.youtube.com/watch?v=QIPjyEeR0WQ

 

 

УСПЕХ НА БИТОЛСКИТЕ ФИЛМСКИ АМАТЕРИ

На 43-от Државен фестивал што се одржа на 28 и 29 Април 2014 год во Струмица во Киноклубот „Студио Милтон Манаки“  кој работи во составот на Народна техника- Битола се претстави со седум филма.

Меѓу наградените филмови од овогодинешното издание на Фестивалот се и битолските автори- членови на киноклубот „Студио Милтон Манаки“ Светислав Подлешанов, кој доби повеќе награди: ја понесе највисоката награда на фестивалот „Гран при“  за филмот „ESSENCE VOYAGE“,  потоа златна плакета за режија за истиот филм, а исто така истиот филм со одлука за Македонската национална селекција е избран за учество на 76-от Фестивал UNICA 2014 којшто ќе се одржи од 23-30 Август 2014 год. во Братислава (Словачка) како и златна плакета за најдобар експериментален филм  за филмот ASCEND       ( The ashe of the ascension). 

Во категоријата документарен филм Сребрената плакета му припадна на Љупчо Петровски за неговиот филм „После крајот“. 

Филмовите на двајцата автори беа прикажани во официјална проекција.

Со добиените награди на овогодинешниот Државен фестивал на непрофесионален филм, Киноклубот „Студио Милтон Манаки“ потврди дека е носител на филмскиот аматеризам во Битола и во Република Македонија.

 

СЕРТИФИКАТИ ЗА НАЈДОБРИТЕ

Со доделување на сертификати во Народна техника-Битола заврши програмата „Пофали се со знаење“ на кој 50 ученици се стекнаа со знаења и вештини во кино, фото, радио техниката, електрониката и автоматиката.

Повеќе...

ПРОМОВИРАН ЗБОРНИКОТ ЗА БИТОЛСКИТЕ ФОТОГРАФИ И ФОТОАТЕЛЈЕА - 14.03. 2014

Во НУ Завод и Музеј во Битола денес беше промовиран зборникот на научни трудови насловен „Битолските фотографи и Битолските фотоателјеа“. Издавачи на зборникот се Народна техника – Битола и Фотоклубот „Стеван Наумов – Стив“, а организацискиот и редакцискиот одбор е предводен од професорот Александар Стерјовски. Зборникот е составен од 170 страници текст, надополнети со над 120 црно бели и 20 колор фотографии. Општина Битола даде голема поддршка на идејата Битола да добие ваков зборник со големо значење. Во зборникот се наоѓа и податокот дека првата фотографија во Битола се појавила пред околу 145 години, значи уште пред Браќата Манаки. Оваа фотографско – филмска тема е една од најинтересните, најспецифичните, тема која што и припаѓа на Битола. 

Во овој зборник се наоѓаат трудови на еминентни истражувачи на фотографијата, истражувачи од НУ Завод и музеј и други професори, фотографи и стручни лица кои овозможија овој зборник да биде испечатен со вакви високи вредности. 

„Зборникот на трудови публикуван под заеднички наслов „Битолските фотографи и битолските фотографски ателјеа е непосреден резултат на научниот собир кој под идентичен наслов се одржа во Битола на 31.03.2012 година. Публикацијата е составена од 24 прилози и воведната белешка на д-р Александар Стерјовски “, рече промоторот на зборникот м-р Ристо Палигора.

Со овој зборник на читателите им се презентира своевиден мозаик составен од научни прилози, до сеќавања кон колегите, пријателите и најблиските. Зборникот известува за реализираните истражувања, анализи и сеќавања, за редица значајни личности од фотографската дејност кои твореле од втората половина на 19, па низ целиот бурен 20 век. Со овој зборник создаден е еден јасен и слоевит приказ низ кој пулсира светот на битолските фотографи и фотоателјеа.

 

Билтен од 21-ви Интернационал фестивал на аматерски филм - CAMERA300

 

21  INTERNATIONAL  FESTIVAL OF AMATEUR  DOCUMENTARY  FILM ,,CAMERA 300,, - BITOLA 2013

[Билтен]