50-та Олимпијада на младите техничари и природници

Во врска со одржувањето на 50-та Олимпијада на младите техничари и природници, Ве известуваме за следното :

1. Олимпијадата ќе се одржи на 13.04.2013 година со почеток во 7,30 часот во ОУ “Коле Канински” - Битола.

2. Според пропозициите од Правилникот, на Олимпијадата ќе бидат застапени 23 натпреварувачки области од техничките и природните науки.

3.  Натпреварувачкиот дел на Олимпијадата се реализира преку:

•Задолжителна задача и 

• Одбрана и демонстрација на домашен труд.

Повеќе...

Јубилејно издание на CAMERA 300

Од 01 - 04.XI.2012 во Битола се оддржа 20-тиот по ред Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „КАМЕРА 300“ - Битола. По повод јубилејното издание на ,,Камера 300,, беа доделат признанија во форма на златни плакети на заслужни за развојот и успешноста на фестивалот.

[Одлука за доделување на наградите]

Повеќе...

Народна техника - Битола

    Народна техника - Битола е формирана во 1946 година со цел преку повеќе форми на организирање на граѓаните да помогне во управувањето и совладувањето на проблематиката на повеќе технички сознанија кои биле од значење за поствоената изградба, индустријализација, електрификација и  домаќинствата.

   Со формирањето на Стручната служба и изградбата на Домот за техничка култура во 1980 година, Народна техника - Битола станува алка во едукативниот процес на младите во смисла не неформално образование.

   Денеска Народна техника - Битола е граѓанска асоцијација која целосно е во функција на проширување и збогатување на воспитно‡образовната дејност во согласност со наставни курикулуми за слободни технички активности за учениците од основните и средните училишта.

Повеќе...