ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИTE ВО КОМПЈУТЕРСКАТА ШКОЛА

На 07.06.2013 год. со полагање на завршен тест и издавање дипломи беше означен крајот на второто полугодие во Компјутерската школа. 

Вкупниот број во првото и второто полугодие беше 80 ученици, од кои во второто  полугодие од учебната 2012/2013 учебна година, на школата се запишаа 43 ученици на 4 модули: 

I модул: Компјутеска писменост:M.S. Word + M.S. Power Point = 9 ученици

II модул: Табеларни пресметувања: M.S. Excel = 8 ученици

III модул: Front Page = 4 ученици и

IV модул: Објектно програмирање: 22 ученици

Според наставниот курикулум за слободни технички активности вкупниот број на наставни часови е 26. Со дипломи се стекнаа 21 ученик. 

 

Јубилејна 50та Олимпијада на КМТП во организација на „Народна техника“ – Битола

Јубилејната 50та Олимпијада на КМТП во организација на „Народна техника“ – Битола се одржа на 13.04.2013 година во ОУ „Коле Канински“

 

„Детски семафор 2013“ - Државен натпревар

На Државниот натпревар „Детски семафор 2013“ што се одржа во Средното економски училиште „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје на 19.05.2013 година, а во организација на РСБСП на РМ, Битолскиот регион учествуваше со една екипа од мала и голема група во „Детски семафор“ и една екипа од Демир Хисар со 3 натпреварувачи во „Сообраќајно-техничка култура на младите“. 

На натпреварот ученикот Филип Дишковски-натпреварувач од големата група, во поединечен пласман-голема група-машка конкуренција го освои III ( третото) место, во конкуренција од над 350 натпреварувачи од сите региони во Р.Македонија. 

 

„Детски семафор 2013“ - Регионален натпревар

Со учество на 4 екипи од Регионот Битола, Демир Хисар и Ресен, во организација на Народна техника, а под покровителство на Здружението на возачи „Еуротест“ од Битола на 09.05.2013 година се одржа Регионалниот натпревар „Детски семафор“. Во дисциплините тестирање и оценско возење учествуваа 24 натпреварувачи во мала и голема група. 

На најдобрите им беа доделени дипломи, медаљи и пехари. 

 

„Детски семафор 2013“ - Општински натпревар

Во организација на Народна техника- Битола, а под покровителство на АМД „Ѓорѓи Наумов“- Битола, на 17 Април 2013 година се одржа традиционалниот натпревар „Детски семафор-2013“ кој има за цел поттикнување и ширење на техничката култура во сообраќајот кај децата-ученици во основното образование, за активно, а пред се безбедно вклучување во сообраќајот. На натпреварот зедоа учество 17 екипи од основните училишта од Битола, Добрушево, Бистрица, Ивањевци.

Повеќе...

ЗАВРШИЈА ФОТО И ФИЛМСКАТА ШКОЛА

Од почетокот на второто полугодие од учебната 2012/13 година во „Народна техника“

 – Битола, започнаа со работа школите по информатика, фото и филмската школа. 

На 15Април 2013 година завршија овогодинешните Фото школа  и Филмската школа со вкупен фонд од 30 наставни часа. Кино школaта ја водеа Стевче Хаџантоновски и Јетон Селими, а Фото школата ја водеа Митре Бендевски и Томислав Наумовски. 

  

Во Фото школата беа запишани 20 ученици, а во Филмската Школа 14 ученици  од Основните училишта од Битола, од кои со успех ги завршија 12 ученици од Фото и 8 ученици од Филмската школа, на кои што на 15 Април 2013 год им беа доделени Дипломи.