Интернационален фестивал на непрофесионален документарен филм ,,Камера 300,,

Жирито на 21-от Интернационален фестивал на непрофесионален документарен филм ,,Камера 300,, , во состав: Стефан Сидовски од Македонија; Радован Џериќ од Србија;  Владимир Илиев од Бугарија, Миле Гроздановски од Македонија и Благојче Божиноски од Македонија на 30 и 31.10.2013 год. ги прегледа сите 42 пристигнати филмови и ја донесе следната

 

О Д Л У К А

 

Чл.1

Во официјална конкуренција од вкупно 42 филмови, жирито одлучи да бидат прикажани 12 филмови во 2 официјални проекции.

Повеќе...

НА „БИТФЕСТ 2013“

Со проектот под наслов „Вечер на документарниот филм“, Кино клубот „Студио Милтон Манаки“ кој работи во составот на Народна техника-Битола на 10.07.2013 год. со 60 минутна програма се претстави пред битолската публика во Културниот Центар „Магаза“, во рамките на битолското културно лето „Битфест 2013“.

УЧЕСТВО НА ДРЖАВНИОТ ФЕСТИВАЛ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ФИЛМ ВО ПРИЛЕП

Кино клубот „Студио Милтон Манаки“ кој работи во состав на Народна техника-Битола, на 43-от Државен фестивал на непрофесионален филм во Прилеп учествуваше со 8 филма, повеќето од млади автори од Филмската школа,  од кои филмот „Прави го тоа што те прави среќен“ на Кренар Драла беше прикажан во официјална проекција, а  филмот „ Гопеш-мое село“ доби втора награда во категоријата документарен филм. Членот на кино клубот, Светислав Подлешанов- студент на ЕСРА пак беше исто така награден во категоријата едноминутен филм со филмот „ Рефлексија“, кој и од страна на жири комисијата беше предложен за учество на меѓународен филмски фестивал на непрофесионален филм во Русе- Р. Бугарија.

 

21 ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА НЕПРОФЕСИОНАЛЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „КАМЕРА 300“- Битола 2013

Стартуваа подготовките на овогодинешното издание на Интернационалниот ФАДФ „Камера 300“ . Пријавите за учество ќе бидат испратени до автори, секции, клубови во Р. Македонија и во 20 земји од светот. Фестивалот се одржува во Битола од 29.10 до 02.11. 2013 година. Носител на активноста е КВК „Студио Милтон Манаки“ кој работи во составот на „Народна техника“-Битола.