Битолчани наградени за иновации

Златна плакета за Народна Техника, златна плакета за Живко Дамески , и сребрени три плакети за Андре Буторац, Билјана Велјановска, Маја Поповска на саемот Технома во Скопје кој се одржа од 15 до 19 октомври во рамки на манифестацијата Макинова 2013.


 

На овој саем за иновации најмладиот учесник Андре Буторац за својот лего робот освои сребрен медал на кој што работел околу еден месец

Повеќе...

III МЕСТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ АРДФ/АРГ НАТПРЕВАР ,,КАТЛАНОВО 2013,,

На 6.10.2013 год. во Катланово членот на Радио клубот ,,Стево Патакот,, ‡ Битола, кој работи во составот на Народна техника ‡ Битола ‡ Љубомир Димовски го освои III место. По повод 10 годишниот јубилеј благодарница беше доделена и на Народна техника ‡ Битола за особен придонес во развојот на радио техниката.

ПОЧЕТОК НА КОМПЈУТЕРСКАТА ШКОЛА

Во Учебната 2013/2014 година Школата по компјутерска техника во Народна техника - Битола започна со работа на 23.09.2013 год. (понеделник).

На истата се запишани 50 ученици од Основното образование по претходно објавен оглас. Учениците се распределени во 7 групи и доаѓаат еднаш седмично по 2 наставни часа, предпладне и попладне.

Школата по компјутерска техника ќе трае 30 наставни часа.

СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА ,,ВНИМАТЕЛНО ОД ДОМА ДО УЧИЛИШТЕ И НАЗАД,,

Во функција на развој на техничката култура, а со цел подигање на сообраќајно ‡ техничката култура кај најмладите членови на нашата заедница преку запознавање на бојата, формата и значењето на сообраќајните знаци, како и нивно забележување, препознавање и почитување, од 18.09. до 25.09.2013 год. во 10 Основни училишта Народна техника ‡ Битола ја спроведе акцијата ,,Внимателно од дома до училиште и назад,,.

Акцијата е спроведена во пратнерство со АМД ,,Ѓорги Наумов,, ‡ Битола, кој обезбеди тетратки и моливи со сообраќајни знаци за учениците од И одделение и постери со сообраќајни знаци како дидактичко помагало за наставен час по сообраќај за наставниците од И до В одделение и напечатен материјал со најновите прописи кои важат за пешаците и велосипедистите во сообраќајот.

Народна техника-Битола по повод Светскиот ден на науката

СЗТК „Народна техника“-Битола на 08.11.2013 год по повод Светскиот ден на науката присуствуваше на приемот во Народната Канцеларија на Претседателот на Република Македонија г-н Ѓорѓе Иванов. 

Петар Папалевски и Михајло Талевски беа наградувани на Државните натпревари на млади истражувачи- Наука на младите и Јани Патче – награден на Смотрата на КМТП.