Народна техника - Битола

    Народна техника - Битола е формирана во 1946 година со цел преку повеќе форми на организирање на граѓаните да помогне во управувањето и совладувањето на проблематиката на повеќе технички сознанија кои биле од значење за поствоената изградба, индустријализација, електрификација и  домаќинствата.

   Со формирањето на Стручната служба и изградбата на Домот за техничка култура во 1980 година, Народна техника - Битола станува алка во едукативниот процес на младите во смисла не неформално образование.

   Денеска Народна техника - Битола е граѓанска асоцијација која целосно е во функција на проширување и збогатување на воспитно‡образовната дејност во согласност со наставни курикулуми за слободни технички активности за учениците од основните и средните училишта.

   Основните цели и задачи на Народна техника - Битола е поттикнување,, проширување и омасовување на техничката култура преку разни форми на организирање со посебен акцент на отткривање, стимулирање и насочување на талентираните ученици.

Како институционална структура во неа делуваат повеќе клубови и секции се организираат обуки за ученици од IV до VIII одделение од следниве области:

1.    Информатика

2.    Кино-видео техника

3.    Фото техника

4.    Градежништво и архитектура

5.    Бродомоделарство

6.    Воздухопловно моделарство

7.    Ракетно моделарство

8.    Електроника

9.    Екологија

10. Радио техника    

11. Сообраќајно моделарство

   Покрај едукативната дејност каде учениците се здобиваат со организирани и систематски знаења, умеења и вештини од овие области на техничките науки и моделарско-макетарски дисциплини, Народна техника - Битола спроведува  Општински и Регионални натпревари, а многу често е и домаќин на Државни натпревари, смотри и манифестации кои во основа вршат препознавање, идентификација, поттикнување, афирмација и валоризација на надарени ученици. 

Народна техника - Битола е организатор на:

 -          Смотра на млади техничари и природници

-          Натпревар на земјоделски работници - трактористи

-          Школа по информатика

-          Интернационален фестивал на аматерскиопт документарен филм “ Камера 300”

-          Детски семафор

-          Сообраќајно - техничка култура на младите

-          Клубска изложба на фотографии

-          Општински натпревар “ Во светот на информатиката”

-          Државни и маѓународни натпревари од областа на техничката култура

   Со своето синергетско, координирано и комплементарно делување по пат на партнерства и продуктивни соработки пред се со формалниот образовен систем, во Народна техника - Битола годишно обуките ги следат над 300 ученици од Основните и Средните училишта. За одбележување е дека учесниците на курсевите, обуките и натпреварите денеска се еминентни стручни лица во својата работа и дејност кои несебично помагаат како инструктори, членови на комисии, ментори, предавачи.

   Народна техника - Битола со своето досегашно неколку децениско постоење се докажа како главен носител на ширењето на техничката култура меѓу младите и претставува достоен репрезент на општина Битола во земјата и странство.