СТАША БОЖИНОВСКА „НИЖЕ“ ПРИЗНАНИЈА

 

Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ кој работи во составот на Народна техника – Битола учествуваше на конкурсот „Млади уметници 2015“ за млади таленти од 15-29 години во категоријата ФОТОГРАФИЈА.

Од страна на стручното жири во состав: Гоце Наневски (универзитетски професор и продекан за настава на Факултетот за ликовна уметност), Славица Јанашлиева (универзитетски професор – графичар), Игор Сековски (графички дизајн, слободен уметник и дизајнер), Ана Лазаревска (професионален фотограф), Маја Чанкуловска Михајловска (историчар на уметност и куратор во Национална галерија на Македонија) одлучи да додели само една и тоа Специјална пофалница за надежен млад автор на членот на клубот - Сташа Божиновска и нејзиното дело – фотографијата „Diversity and love “ („Различност и љубов“).

Пофалницата на Сташа Божиновска и беше доделена на 29.01.2015 год. од стана на директорот на Агенцијата за млади и спорт г-нот Марјан Спасески.

Во Националната Галерија на Македонија - Мала Станица од 26-28 Февруари ќе биде организирана изложба „Young Art 2015“ на која ќе биде изложено и делото „Diversity and love “ („Различност и љубов“).

Изложбата ќе има продажен карактер, така што сите заинтересирани ќе можат да ги откупат квалитетните, навистина одлични дела од младите уметници кои учествуваа на овој конкурс.