ФОТОГРАФИЈА НА СТАША БОЖИНОВСКА ПРИМЕНА НА ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА ФОТО ИЗЛОЖБА

На Меѓународната кружна фотоизложба „ТУРИЗАМ 2014“ (од 23.11. до 04.12.2014 год) во организација на 3 (три) земји: Србија, Турција и Кипар, а под патронат на FIAP, ISF, ICS и други еминентни меѓународни фото организации, Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ кој работи во составот на Народна техника-Битола учествуваше со 4 свои членови: Сташа Божиновска (16 години), Ивона Цветковска (18 години), Илче Блажевски (20 години) и Стефан Талевски (20 години).

На оваа престижна фото манифестација, фотографијата на Сташа Божиновска –„Различност и љубов“ (Diversity and love) е единственa фотографија примена од Република Македонија во конкуренција фотографии од 65 земји од светот. 

Ова е втор Меѓународен успех на младата Битолчанка која во силна меѓународна конкуренција оценувана од 9 мајстори на фотографија го покажа својот талент и уште еден доказ дека Фото клубот „Стеван Наумов-Стив“ е расадник на млади таленти кои можат рамо до рамо да се носат со познати светски имиња во фотографијата.