УСПЕХ НА БИТОЛСКИТЕ ОСНОВЦИ

Екипата од Битолскиот регион која победи на 51-от Регионален натпревар-Смотра на млади техничари и природници која во организација на Народна техника-Битола се одржа на 05.05.2014 год. во ООУ„Тодор Анѓелевски“ зеде учество на Државниот натпревар во Пехчево со 22 натпреварувачи и освои 13 награди – 4 (четири) први, 7(седум)-втори и 2 (две) трети места.

За Државни прваци беа прогласени: Никола Диневски во натпреварувачката област Градежништво и архитектура, Ана Гаштарова во Применета Биологија, Оливера Грујевска во Кино-видео техника и Јани Патче во Фото техника.

Седумте втори места ги освоија: Бојана Јовановска во натпреварувачката област Астрономија, Евгенија Талева- Екологија, Ирина Врбовска-Метеорологија, Раде Стевановски-Компјутерска техника, Дамјан Николовски-Применета Географија, Дарко Ристевски-Применета Математика и Марко Кузмановски-Радио техника.

Трети места освоија: Сара Сековска-Автоматика и Филип Ристевски во натпреварувачката област – Ракетно моделарство.

Регионалните и Државните натпревари на младите техничари и природници претставуваат најорганизирана форма на натпреварување на учениците во техничките и природните науки и активност во основните училишта, при што се афирмираат надареноста и талентираноста на младите и несебичноста на менторите.