УСПЕХ НА БИТОЛСКИТЕ ФИЛМСКИ АМАТЕРИ

На 43-от Државен фестивал што се одржа на 28 и 29 Април 2014 год во Струмица во Киноклубот „Студио Милтон Манаки“  кој работи во составот на Народна техника- Битола се претстави со седум филма.

Меѓу наградените филмови од овогодинешното издание на Фестивалот се и битолските автори- членови на киноклубот „Студио Милтон Манаки“ Светислав Подлешанов, кој доби повеќе награди: ја понесе највисоката награда на фестивалот „Гран при“  за филмот „ESSENCE VOYAGE“,  потоа златна плакета за режија за истиот филм, а исто така истиот филм со одлука за Македонската национална селекција е избран за учество на 76-от Фестивал UNICA 2014 којшто ќе се одржи од 23-30 Август 2014 год. во Братислава (Словачка) како и златна плакета за најдобар експериментален филм  за филмот ASCEND       ( The ashe of the ascension). 

Во категоријата документарен филм Сребрената плакета му припадна на Љупчо Петровски за неговиот филм „После крајот“. 

Филмовите на двајцата автори беа прикажани во официјална проекција.

Со добиените награди на овогодинешниот Државен фестивал на непрофесионален филм, Киноклубот „Студио Милтон Манаки“ потврди дека е носител на филмскиот аматеризам во Битола и во Република Македонија.